Иако во минатото на овој тим му донесе некоку титули: Ред Бул негираше дека ќе го врати Фетел

Техничкиот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, беше непопустлив и ги негираше сите гласини кои укажуваат на враќање на Себастијан Фетел во тимот, со кој Германецот ги освои сите четири светски титули.

Иднината на 32-годишниот возач на Ферари е повторно централна тема на дебата по трката за Големата награда на Италија. На „Монца“, Фетел повторно направи грешка и ја заврши трката на 13. место, додека неговиот колеа, Шарл Луклер победи и ја прекина 9-годишната суша на „Скудерија“ на оваа патека.

Се разбира, ако станува збор за разделба со „црните коњчиња“, двете најреални опции за Фетел би биле Ред Бул и Мерцедес. Хелмут Марко побрза да ги отстрани „биковите“ од можна битка за потписот на искусниот Германец.

Не знам каква ќе биде неговата иднина. Имавме неколку одлични години заедно, но сега ги имаме нашите четворица пилоти (заедно со тие од Торо Росо), изјави Марко.

Во исто време, сегашниот водечки пилот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја поздрави идејата да стане колега со Леклер во одреден момент во иднина.

Шарл и јас можеме да возиме во ист тим. И двајцата сакаме да победуваме, но се почитуваме, сподели Холанѓанецот.