И Ферстапен потврди - останува во Ред Бул!

Неколку дена откако Хелмут Марко најави, Мекс Ферстапен потврди дека останува во тимот на Ред Бул и идната сезона.

Со тоа стави крај на сите шпекулации за можна промена на средината откако интерес за него покажа Мерцедес. По трката за Големата награда на Белгија, повеќе не постои можност да се активира клаузулата за предвремен раскин на договорот, а тој е со важност до 2028 година.

„Реално, јас никогаш не сум кажал ништо во врска со мое евентуално заминување бидејќи бев фокусиран на преговорите со тимот. Мислам дека е време да ставам крај на сите шпекулации, а и за мене секогаш беше јасно дека ќе останам“, рече Ферстапен.

Холандскиот возач е во битка за петтата шампионска титула во низа, но во моментов е на третото место во генералниот пласман со мали шанси да го одбрани трофејот.