Холандски мотоциклист чудесно избегна пад (ВИДЕО)

Холандскиот мотоциклист Бо Бендснијдер во Мото 2 чудесно успеа да избегне пад и да го скроти својот моторцикл, иако во еден момент дури и леташе над него, а само со рацете успеа да го исконтролира за да не падне на патеката.

Бо успеа да избегне пад и потенцијално посериозно да се повреди, па целата мотоциклистичка јавност ја воодушеви со потегот и ја остави без зборови.