Хамилтон се изјасни околу преминот во Ферари: Добро ќе ми стои црвената боја

Еден од најдобрите пилоти во историјата на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, говореше за евентуална преселба во редовите на Ферари.

Повеќекратниот светски првак засега ја отфрли можноста за потпишување за тимот од Маранело, иако вели дека „црвената боја“ добро би му стоела.

Знам дека црвената добро ми стои, но тоа е навистина тешка ситуација. Јас сум со Мерцедес уште од 13 години. Промените се секогаш добри, лојалноста е значајна, затоа имам тетоважа, изјави Хамилтон.

Британецот вози за тимот на Мерцедес од 2013 година, а има договор со овој тим до 2021 година.

Кога пристигнав, веднаш реков дека не сакам да бидам прв возач на тимот. Само сакав да имам ист статус и исти можности како и моите колеги. Шест години подоцна, размислувам исто, додаде Британецот.