
„Хамилтон сам ни се нудеше, но го одбивме поради Ферстапен!“
Тој откри дека преговорите се воделе во текот на оваа година, а откако му станало јасно дека нема да се пресели во Ред Бул, британскиот возач седнал на маса со Мерцедес и потпишал нов договор.
„Имавме неколку разговори со Хамилтон низ годините, за тој да дојде и во Ред Бул. Последен пат луѓето од неговиот тим ни пристапија на нас, беше почеток на годината и сакаа да знаат какви се шансите Луис да дојде и да вози за нашиот тим. Одговорот беше негативен, по што тој веднаш се договори со Мерцедес“, изјави Хорнер.
Причина за негативниот одговор биле сомнежите околу функционирањето на Ферстапен и Хамилтон во ист тим.
„Размислував кратко, но не можев да замислам како Макс и Луис би работеле заедно. Би можеле да си создадеме непотребно многу проблеми, вистината е дека ние сме пресреќни со она што го имаме како возачи во моментов“, дополни Хорнер.