Хамилтон и Ботас во еден глас: Патеките во Формула 1 се бираат политички!

Пилототите на Марцедес, Британецот Луис Хамилтон и Финецот Валтери Ботас, испратија остри критики кон организацискиот тим во Формула 1, односно изборот на патеките на кои се вози шампионатот. Тие изјавија дека некои патеки не се толку интересни за гледачите, но поради политички причини се наоѓаат во календарот во Ф1.

Големата награда на Франција многумина ја критикуваат веќе со години, поради што повторно се актуелизираше приказната за тоа кои патеки треба да се најдат на календарот во елитното автомобилистичко натпреварување.

Ние, возачите подобро знаеме од било кој друг на кои патеки можеме да им понудиме на навивачите поголема возбуда. Не знам кој го прави изборот, но во многу земји има патеки кои би можеле да бидат ставени во календарот на Формула 1. Оние на кои ние возиме не се баш за натпреварување, изјави Луис Хамилтон.

Тој е голем обожавател на патеките „Остин“ и „Силверстоун“, бидејќи возачите можат понудат вистинска брзина на патеката.

Што би сакале навивачите повеќе? Трки во некои земји кои се возат само за да имаат трка или трки во Формула 1 кои се навистина возбудливи, праша Британецот.

Сигурен сум дека многу трки во календарот се чисто од политички причини и пари, а не се избрани според критериумите кои се тесно поврзани со возбудата, додаде неговиот клупски колега, Валтери Ботас.