
Хамилтон дојде до прва победа со Ферари – беше најдобар во првиот спринт!
Британецот стартуваше од пол-позицијата и ја задржа водечката позиција до крајот, оставајќи го зад себе Оскар Пијастри од Мекларен и актуелниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заврши како трет. Оваа победа претставува голем пресврт за Хамилтон по разочарувачкиот старт на сезоната во Австралија, каде што заврши на десеттото место.
Ландо Норис, кој победи на првата трка во сезоната во Австралија, го заврши спринтот на осмото место, но го задржа водството во генералниот пласман со 26 бодови, два повеќе од Ферстапен. Главната трка на Големата награда на Кина е закажана за в недела.