Грожан со 192 километри на час се забил во оградата, кога едвај спаси жива глава!

Францускиот возач Роман Грожан, кој преживеа страшен инцидент лани во бахреин, откако при голема брзина удри во заштитната ограда по што болидот му се скрши на два дела и експлодираше, а тој за среќа мина само со полесни изгореници на рацете и нозете.

После инцидентот кој се случи пред крајот на ноември лани во завршницата од сезоната во Формула 1, сега комплетниот извештај на ФИФА излезе во јавност, а ќе биде презентиран на возачката комисија во вторник и во извештајот стои дека Грожан во заштитната ограда удрил со 192 километри на час.

При ударот под толкава брзина со болидот на Хас, тој се преполови, па експлодира, а истрагата покажала дека силата на ударот изнесувала 67 Г, што значи дека Французинот претрпел притисок 67 пати поголем од неговата тежина, што е навистина неверојатно, особено што тој излезе без сериозни повреди и само со изгореници на рацете и нозете.

Инцидентот се случил во првиот круг од трката на патеката „Шакир“ во Бахреин, по што откако се преполови болидот, Грожан останал 27 секунди во запалениот кокпит и останал присебен, а потоа успеал да се извлече од огнената стихија, а после тешкиот инцидент Французинот посочи дека заштитата на главата и ореолот му го спасиле животот.

Таа трка беше последна за Грожан во Ф1, зашто претходно не ја продолжи соработката со Хас, а после инцидентот не возеше до крајот на сезоната и сега се пресели во Индикар, каде ќе вози за Дејл Којн Рејсинг.