ФИА ја одби жалбата на Ред Бул и го израдува Хамилтон

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) го одби барањето на Ред Бул да се промени казната за возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон поради инцидентот со Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Велика Британија.

Ред Бул сметаше дека казната која ја доби Хамилтон не е доволна, но ФИА го одби барањето затоа што австрискиот тим не доставил важни докази против британскиот возач.

На последната трка Хамилтон го удри возачот на Ред Бул и го исфрли од патеката, а Британецот доби казна само од 10 секунди, но и покрај тоа успеа да слави на патеката.

По победата Хамилтон ја намали негативата зад Ферстапен на само осум бодови.

Следната трка се вози в недела во Унгарија.