Фетел не оди во пензија и потпишува за Алпин?

Поранешниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе се повлече од спортот. 

Тој специјални направи Инстаграм-профил за да ја соопшти веста, но најновите шпекулации велат дека Германецот може да ја продолжи кариерата и тоа во болидот на Алпин следната година. 

Фернандо Алонсо ќе замине во Астон Мартин од 2023 година токму како замена за Фетел. Шпекулациите се дека Алпин е во потрага по тимски колега на Естебан Окон и ќе организира тестирање за неколку возачи на „Хунгароринг“ неколку дена пред трката за Големата награда на Сингапур што е закажана на 2.октомври. 

На тестирањето ќе се појават четири пилоти кои се кандидати за место во Алпин следната година, Ник де Врис, Џек Духан, Мик Шумахер и Себастијан Фетел. Можно е на тестот да се појави и Колтон Херта, шампионот од Индикар, кој има амбиции да продолжи во Ф1.