Фетел на пол-позицијата во Германија, Хамилтон дури – 14-ти!

Актуелниот лидер во генералниот пламсан во Формула 1, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на домашното гран-при во Германија, на патеката „Хокенхајм“ откако денеска беше најбрз со своето Ферари на официјалниот тренинг пред утрешната трка.

Фетел извозе рекордно време на официјалниот тренинг за да биде најбрз и да ја освои стартната позиција за германското гранпри, а за разлика од него, главниот конкурент Луис Хамилтон, које актуелен светски првак поради роблеми уште во првата квалификациска сесија со хидрауликата се откажа од понатамошните квалификации, па сега ќе стартува како 14-ти на утрешната трка.

Фетел извозе круг за 1:11,212 минути и беше за две десетинки побрз од Валери Ботас од Мерцеес, а 0,335 секунди од клупскиот колега Кими Раиконен. Зад Раиконен ќе тргнат Макс Верстапен од Ред Бул, петти и шести се двоецот на Хас, Кевин Магнусен и Ромаин Грожан, па следат Нико Хулкенберг (Рено), Карлос Сајнц (Рено), Чарлс Леклер (Заубер), Серхио Перез (Форс Индија)...