Фетел го освои Силверстоун со претекнување во финишот!

Поранешниот четирикратен светски првак Себастијан Фетел победи попладнево на големата награда на Велика Британија, која се возеше на патеката „Силверстоун“ во суперинтересната трка во која Германецот до победата стигна во последните пет круга, откако успеа да го претекне дотогаш водечкиот Валери Ботас.

Фетел имаше фантастичен старт и го помина Луис Хамилтон на стартот, а Британецот потоа по еден сите судир се најде на 18-то место, но успеа да се врати во трката и со едно застанување во пит-стопот на крајот стигна до второто место, а Кими Раиконен заврши како трет. Но, најголемите возбудувања се случија во втората половина, кога поради едно излетување, влезе безбедносното возило, по што Ботас го презема лидерското место поради одлуката Фетел вторпат да менува гуми.

И десст круга пред крајот, откако вторпат влезе безбедносното возило, Ботас го имаше лидерското место, пред Фетел, Хамилтон и Раиконен, но на пет круга пред крајот, Ботас трипати беше претекнат, па заврши како четврти, оставајќи го Фетел да слави нова победа и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман,