Поранешниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел ги воодушеви сите вчера по завршувањето на британското гранпри на Силверстоун, откако после трката зема да го собира ѓубрето што навивачите го оставија на централната трибина на легендарната патека.

Германецот ги собра сите симпатии и од британската, а и од светската јавност за потегот, па без оглед што заработува милиони и како и сите други ѕвезди можеше да си замине во хотел, тој реши да чисти на трибините, па наполни еден куш ќеси со ѓубре.

Фетел не ја заврши вчерашната трка на која триумфираше Луис Хамилтон.