Ферстапен по заканите дека ќе остане без титула: Подобро ви е да замолчите!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е на добар пат да ја одбрани светската титула, која ја освои минатата година, а за која во претходните денови се појавија шпекулации дека би можела да биде одземена поради кршење на правилата од неговиот тим.

Ред Бул, наводно, за 4,5 милиони фунти го надминал дозволениот буџет за сезоната, а во моментов се води истрага против екипата и се шпекулираше дека Ферстапен би можел да остане без титулата поради тоа.

Директорот Кристијан Хорнер кажа дека нема да се случи такво нешто, а по заканите за одземање на титулата не е загрижен ниту Ферстапен.

„Нема потреба да бидеме загрижени. Останатите тимови зборуваат за ова, иако немаат доволно информации. Подобро им е да замолчат“, кажа Ферстапен.