
Ферстапен ја доби првата битка со двоецот на Мекларен на Големата награда на САД!
Холанѓанецот го забележа најбрзото време со круг од 1:32.143 минути, оставајќи го зад себе Ландо Норис од Мекларен, кој заостануваше само 77 илјадинки од секундата. Одличниот ден за тимот на „папаја“ го заокружи Оскар Пијастри, лидерот во генералниот пласман, кој се пласираше на третото место, со заостанување од нешто повеќе од три десетинки зад Норис.
Најголемо изненадување приреди Нико Хилкенберг од тимот Кик Заубер, кој ќе стартува од четвртата позиција. Зад него следуваат Џорџ Расел (Мерцедес) и Фернандо Алонсо (Астон Марин). Карлос Саинц ќе ја започне трката од седмото место, веднаш пред Луис Хамилтон, додека Алекс Албон и Шарл Леклер ќе стартуваат од петтиот ред.
Спринт-трката на патеката во Остин ќе се вози денес во 19 часот, а главната пресметка за Големата награда на САД е закажана за недела во 21 часот.
ФОТО: EPA PHOTO