Нов отказ на повидок во Англија: Челси денеска може да „испорача“ - отказно решение!

Осмото коло во англиската Премиер лига ќе ни донесе неколку интересни натпревари, а еден од нив би можел да биде последен за тренерот Анге Постекоглу, чиј тим Нотингем Форест игра против Челси.

Нотингем Форест се наоѓа во катастрофална форма по доаѓањето на Постекоглу, односно нема победа на седум меча по ред во сите натпреварувања.

Англиските медиуми пишуваат дека дуелот меѓу Нотингем Форест и Челси би можел да биде последен за Постекоглу, доколку не успее да го шокира светскиот клупски шампион.