Голеада во Париз: ПСЖ се врати од 1-3 против Стразбур и освои бод! (ВИДЕО)

Атрактивен фудбал се играше вечерва на „Паркот на принцовите“, каде што францускиот шампион ПСЖ ремизира против големиот ривал Стразбур (3-3) во осмото коло од Лига 1.

Баркола по само шест минути ја затресе мрежата на гостите, кои знаеја како да одговорат и преку Паничели и Мореира направија целосен пресврт (2-1).

Паничели беше стрелец и на третиот гол за Стразбур, по што парижаните почнаа да се будат и најпрво преку Рамош од пенал намалија на 2-3 во 58. минута.

Шампионот постигна и трет гол во финишот од средбата, по што двете екипи имаа уште неколку шанси до крајот, но резултатот не се менуваше (3-3).

ПСЖ е лидер во францускиот шампионат со 17 бодови, додека Стразбур има еден поен помалку.

Фото: Facebook/PSG