Навивачите му свртеа грб на поранешниот херој на Баерн: Не сакаме насилници!

Баерн Минхен триумфира со 2-1 против Борусија Дортмунд во бундеслигашкото дерби, но внимание привлекоа и навивачите на актуелниот германски шампион.

Тренерот на Баерн, Винсент Компани му понуди улога на Жером Боатенг во бундеслигашот, но тоа ги налути фановите кои не сакаат да се врати нивниот поранешен фудбалер.

Боатенг е познат по тоа што играше 10 години за баварците, меѓутоа тоа не е доволно за да ги освои симпатиите на навивачите.

Протестите на фановите се потикнати од пресудата на регионалниот суд во Минхен од јули 2024 година кој го прогласи Боатенг за виновник за насилно однесување кон неговата девојка.

На транспарентите можеа да се забележат различни пораки кои се однесуваа на Боатенг.

„Кој ќе му даде простор на насилникот, ја дели истата вина со него. Нема место за насилници. Оде*и Боатенг“, беа само дел од пораките.