Се остварија најлошите прогнози: Руне ја скинал Ахиловата тетива, ќе паузира пола година

Данскиот тенисер Холгер Руне доживеа тешка повреда вчера, во полуфиналето од АТП турнирот во Стокхолм во кое играше против Иго Имбер од Франција.

Руне го предаде мечот во вториот сет, а при укажувањето помош, на својот физиотерапевт му кажа дека почувствувал како ја скинал Ахиловата тетива. Неговите зборови се покажаа точни, прегледите направени подоцна покажаа дека се случило токму тоа.

„Точно е, ја скина тетивата и го очекува пауза од шест месеци. Треба да се направи уште едно снимање и потоа ќе се знае дали е неопходна операција“, изјави мајката и менаџер на Руне, Анеке.

Ако се оствари тоа, Руне не само што ќе го пропушти стартот на новата сезона, туку ќе се врати кога ќе почнат турнирите на земјена подлога, кон средината на април.