
Тотално лудило во Боливија - седум црвени картони на еден натпревар (ВИДЕО)
Славеше Боливар со 2-1, но мечот го одбележаа седумте црвени картони кои ги покажа судијата, а како последица на неколку тепачки во различни интервали од натпреварот. Првиот контингент од три црвени картони беше испорачан во 39. минута, два за гостите и еден за домаќините. Шест минути подоцна по еден на двете страни, па на крајот на полувремето, односот на силите беше девет спрема осум.
Во 54. минута дојде шестото исклучување, а во 60. и последното, па Блуминг остана со само седум фудбалери. Според правилата на ФИФА, натпреварот се прекинува ако една екипа добие пет црвени картони, но тоа, сепак, не се случи до крајот.
Боливар го искористи просторот за игра и во 92. минута постигна гол со кој дојде до победа на овој натпревар, по што судијата отсвири крај на мечот.