
Партизан по голема драма ја „закова“ Басконија на дното!
Партизан понуди одлична игра од стартот и поведе со 11-5, но набрзо Басконија го возврати ударот и влезе во серија за целосен пресврт (16-13). Сепак, тимот од Белград ја доби првата четвртина со 22-20.
Возбудливо беше и во вторите 10 минути на паркетот, а во најголем дел од времето предноста беше кај „црно-белите“, кои на полувреме заминаа со 48-40.
Партизан водеше и со +15 (58-43), но Басконија успеа да ја стопи разликата до крајот на третата четвртина на само два поени (64-66). Последните 10 минути повторно беа интересни затоа што домаќинот неколку пати успеа да го израмни резултатот, меѓутоа немаше сила за пресврт.
„Црно-белите“ во последните минути го засилија темпото и со серија од 12-4 стигнаа до посакуваната победа (91-79).
Најефикасен кај Басконија беше Дијало со 20 поени, три скокови и шест асистенции, додека на спротивната страна блесна Џонс со 18 поени, еден скок и 10 асистенции.
На вториот меч кој се играше во истиот термин Хапоел Тел Авив го победи Париз со 89-88.
Фото: EPA