
Унион Берлин ѝ ја продолжи агонијата на Борусија Менхенгладбах (ВИДЕО)
Доеки беше стрелец на двата гола за Унион Берлин до 26. минута од натпреварот, но потоа Табаковиќ намали на 1-2 и ја врати неизвесноста во натпреварот.
Борусија беше очајна во вторите 45 минути и создаде само две шанси, од кои ниту една не беше во рамки на голот на Унион Берлин, а тоа го казни домаќинот преку Кедира за конечни 3-1.
Унион Берлин е на седмата позиција со 10 освоени бодови, додека Борусија останува на дното со три поени.
Фото: Union Berlin FC