
Катастрофа за Челси: Палмер нема да се врати на терен пред декември!
Дополнителните медицински прегледи покажаа дека Палмер нема да заигра за „сините“ пред декември, а тоа е голем хендикеп за тимот на Енцо Мареска.
„Едноставно невозможно е да го замените Палмер. Тој е еден од најважните фудбалери за нас и еден од најдобрите во Премиер лигата“, кажа Мареска.
Англичанецот оваа сезона настапи на 10 меча, при што постигна пет голови и две асистенции.