Милан остана без Пулишиќ и Рабио пред многу важни натпревари

Италијанскиот гигант Милан објави дека останал без услугите на Кристијан Пулишиќ и Адриен Рабио во следните две недели поради повреди.

Американскиот репрезентативец сигурно ќе ги пропушти следните важни натпревари против Фиорентина и Пиза, а исто така нема да биде достапен за игра ниту Рабио.

Милан по шест одиграни кола во Серија А се наоѓа на третата позиција на табелата со 13 бодови, односно два помалку од Наполи и Рома.