Ферстапен: И јас да го имав болидот на Хамилтон ќе бев најдобар

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен, смета дека болидот на Мерцедес ја прави разлика поради која Луис Хамилтон доминира во Формула 1.

Да потсетиме, Британецот неодамна во Мексико ја потврди својата петта шампионска титула, но Ферстапен смета дека и тој би бил најдобар доколку би го имал болидот на Хамилтон.

„Неговиот болид ја прави разликата. Секако, тој е одличен возач, но и јас би победувал со тој болид“, смета Ферстапен.

Младиот Холанѓанец смета дека Ред Бул за три години, кога ќе  бидат сменети правилата, ќе биде конкурентен со Мерцедес и Ферари, а тој тогаш ќе има 23 години.

„Тогаш ќе има 23 години и ќе имам шанса уште шест сезони да се обидам да станам светски шампион. Се надевам дека кога ќе наполнам 30 години ќе имам веќе три или четири титули“, изјави Ферстапен кој во досегашниот дел од кариерата оствари пет победи.