
„Ферари има сè што е потребно за титула“
Ферари под водство на Матија Биното не ги оствари посакуваните резултати, по што тој доби отказ, а Васер пристигна од Алфа Ромео и најави битка за титулата.
„Убеден сум дека Ферари има сè што е потребно да се освои титулата. Моето искуство е ограничено, тука сум само две недели, но верувам дека ќе победуваме. Може да ги погледнете резултатите на Ферари во последните 10 години и ќе видите напредок“, кажа првиот човек на Ферари.