Ф1 враќа старо правило: На трките ќе се користи „жолт картон“

Наскоро на трките во Формула 1 ќе може да забележиме употреба на црно-бели знамиња, што е рамно на „жолт картон“ во фудбал.

Црно-белото знаменце беше покажано на трката за Големата награда на Белгија на Пјер Гасли, а последен пат претходно беше користено во 2010 година како предупредување за ЛУис Хамилтон.

„Црно-белото знаменце се користи за неспортски потези, а тоа е нешто што досега не се користеше уште од 2010 година, но во моментов разговараме за да го вратиме во употреба. Тоа е едно од знаменцата кои постојат во кодексот и секој спортски директор и возач треба да го поддржат нејзиното користење“, соопштија од Формула 1.