Ф1 има нова улична трка: Виетнам влегува во календарот во 2020 година (ВИДЕО)

Формула 1 официјално објави дека во календарот на трки за сезоната 2020 година официјално влегува и Големата награда на Виетнам. 

Ова ќе биде вкупно четврта улична трка и ќе се вози низ улиците на главниот град Ханој. Американските сопственици на Формула 1 најавија дека сакаат повеќе улични трки, а вметнувањето на виетнамското гран при е првиот чекор кон остварување на најавите.

Трката во Виетнам воедно ќе биде и петта во Азија по Јапонија, Кина, Абу Даби и Сингапур. Патеката ќе биде во западниот дел на Ханој и ќе биде составена од 22 свиоци. Самата конфигурација на патеката ќе биде уникатна, бидејќи има долги правци, а најдолгиот ќе биде од 1,5 километри. Вкупната должина на еден круг на патеката ќе биде 5,5 километри.