Електричните автомобили Тесла дојдоа и во Македонија, отворен првиот продажен салон! (ФОТО)

Електричните автомобили Тесла, кои во последните неколку години предизвикаа револуција во светот на автомобилизмот, дојдоа и во Скопоје и тоа преку преку компанијата еАуто.

Продажниот салон на еАуто се наоѓа во рамки на спортскиот аеродром Стенковец, десетина километри од центарот на Скопје.

Според најавите, многу бргу ќе биде поставена инфраструктурна мрежа на брзи полначи за моделите на Тесла и тоа на најмалку 15 локации низ Македонија. Овој потег конечно ќе овозможи овие електрични автомобили почесто да ги гледаме на нашите патишта.

Во новиот салон на еАуто се изложени моделот Ипсилон и подневниот модел 3 на Тесла, а на промоцијата беа изложени и неколку постари модели на брендот.

Според најавеното, моделот 3 со стандардна батерија ќе чини од 55.000 евра, а моделот Ипсилон ќе почнува од 56.000 евра.

ФОТОГРАФИИ: Авто Плус