Џек Милер славеше на хаотичното француско гран при (ВИДЕО)

Мотоциклистот на Дукати, Џек Милер оствари втора победа по ред во Мото ГП сезонава, откако денеска беше најбрз на трката за Големата награда на Франција. 

Дождот на патеката „Леман“ предизвика хаос, а најдобро се снајде Милер. Тој воедно стана првиот Австралиец што победил на две трки по ред во Мото ГП по Кејси Стонер уште од 2012 година.

На подиумот денеска тој имаше француско друштво, бидејќи второто место го освои Жоан Зарко, а трет беше Фабио Квартараро. Победата на Милер е уште поимпресивна ако се знае дека мораша да одработи две казни уште во вториот круг од трката. 

Марк Маркез никако да фати ритам сезонава по долгата паузара поради повредата на раката. Мотоциклистот на Хонда денеска имаше две излетувања

Благодарение на третото место денеска Квартараро се врат на лидерската позиција во генералниот пласман со 80 бодови, Франческо Бањаја има 79, додека трет е Жоан Зарко со 68 бодови.

Следната трка се вози за Големата награда на Италија на патеката „Муџело“ на 30 мај.