Довициозо се оперираше: Се надевам дека ќе оздравам до почеток на сезоната

Италијанскиот возач Андреа Довициозо беше опериран по несреќата која ја имаше во неделата, кога падна од мотор на една трка и ја скрши клучната коска.

Довициозо по инцидентот беше опериран, а сега се чувствува добро и се надева дека ќе биде подготвен за стартот на сезоната во Херез.

„Операцијата помина добро. Сакам да се заблагодарам на медицинскиот тим, кој ја изврши брзо операцијата. Не ме боли многу и поради тоа сум оптимист. Верувам дека ќе оздравам и ќе бидам подготвен за првата трка на Херез“, кажа Довициозо.

Сезоната во Мото ГП ќе почне на 19 јули во Херез, а на истата патека ќе се вози трка и на 26 јули.