Довициозо на пол-позицијата во Јапонија, Маркез само шести

Мотоциклистот на Дукати, Андреа Довициозо утре ќе стартува од пол-позицијата на трката за големата награда на Јапонија откако денеска беше најбрз во квалификациите. 

Италијанецот на патеката „Мотеги“ извозе најбрз круг со време од 1:44, 590 минути, додека првиот стартен ред го комплетираат Јохан Зарко и Џек Милер. 

Лидерот во генералниот пласман мораше да се задоволи со шестото стартно место во Јапонија. Мотоциклистот на Репсол Хонда уште на утрешната трка може да ја освои својата седма шампионска титула, но за тоа мора да финишира пред освојувачот на пол-позицијата Довициозо.