Доминацијата на Мерцедес продолжува: Ботас славеше во Азербејџан!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас запиша уште еден триумф сезонава во Формула 1, откако славеше на трката за Големата награда на Азербејџан, а веднаш зад него беше тимскиот колега Луис Хамилтон.

Ботас ја потврди доминацијата на Мерцедес сезонава, откако и вчера беше најбрз на квалификаците, а зад парот од тимот на „сребрените стрелци“ заврши Себастијан Фетел од Ферари, додека по нив следуваа Макс Ферстапен и Шарл Леклер.

Најбрз круг на трката имаше возачот на Ферари, Леклер, кој имаше и рекорд на патеката.

Во генералниот пласман лидер е Ботас со 87 бодови, а само еден бод помалку има неговиот тимски колега Хамилтон.