Документарецот за Шумахер е завршен: Светот ќе дознае за состојбата на легендарниот возач

Легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер кој пред осум години доживеа стравична несреќа на скијање, ќе има своја улога во новиот документарен филм кој содржи досега невидени снимки по несреќата и раскажува за неговата борба против тешката повреда.

Директорот на документарецот уште во јануари кажа дека филмот е снимен, а сега повтори дека се чека датум за официјално промовирање, но ситуацијата со ковид-19 направи проблеми. Сепак, се очекува официјалната промоција да се случи наскоро, односно во следните месеци.

Семејството на Шумахер даде согласност и ја отвори вратата од својот дом, иако пред да се снима документарецот, тие постојатно бегаа од јавност и не откриваа никакви детали за состојбата на легендарениот возач во Ф1.

Шумахер на 29 декември 2013 година на скијање доживеа несреќа, кога главата ја удри во камен и доживеа тешко оштетување на мозокот, а долго време беше во кома.