Девојки може да добијат по 200 евра за трката во Шпанија, а услов се - големите гради!

Формула 1 одамна стана неверојатен бизнис, а за тоа пред неколку дена зборуваше и возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој порача дека постои можност за две години да го напушти „најбрзиот циркус“.

Новите правила кои се поставуваат секоја сезона на никого не му се допаѓаат, а организаторите на трките ги променија и правилата кога станува збор за девојките, кои ќе бидат покрај болидите на почетокот на секоја трка.

Нив нема да г гледаме во Ф1, но затоа ќе ги гледаме во Формула 4, а на неверојатниот конкурс се барале девојки, а единствен услов бил само да имаат големи гради.

Тие ќе заработат по 200 евра на трката во Шпанија, а ќе им бидат платени и сите трошоци. Меѓутоа, доколку немаат големи гради, тогаш нема потреба да се пријавуваат.