Британски тинејџер ќе го замени Магнусен на трката во Баку

Британскиот возач Оливер Берман ќе го замени суспендираниот Кевин Магнусен во болидот на Хас на трката за Големата награда на Азербејџан, која се вози од 13 до 15 септември.

Берман дебитира на почетокот на сезоната во Саудиска Арабија во болидот на Ферари, кога го замени Карлос Саинц, па сега ќе ја вози втората трка во „најбрзиот циркус“.

Младиот возач импресионира на трката и заврши на седмата позиција, а тоа му донесе и потпис со Хас за следната година како нов возач на тимот.