Ботас се сликаше гол, па заработи 50.000 евра и ги донираше во хуманитарни цели (ФОТО)

Финскиот возач Валтери Ботас е во центар на внимание поради тоа што пред неколку дена реши да се фотографира целосно гол и сликата ја објави на неговиот профил на Инстаграм.

Ботас објасни дека решил да се фотографира целосно гол за да привлече поголемо внимание и да заработи повеќе пари, а потоа да ги донира парите на хуманитарна организација.

„Почнавме да продаваме вакви фотографии, а ни требаа околу 24 часа за да ја нарачаат повеќе од 5.000 луѓе. Тоа ни донесе околу 50.000 евра кои се донирани во хуманитарни цели. Мојот гол задник заврши добра работа“, кажа Ботас.