Ботас го спречи Хамилтон да стигне до јубилејната 100-та пол-позиција во Ф1

Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Португалија во рамки на Формула 1 шампионатот. 

Финецот стигна до 17-тата пол-позиција во кариерата, а  беше побрз од својот тимски колега Луис Хамилтон, кој денеска се надеваше на својата 100-та пол-позиција во кариерата. 

Ботас имаше време од 1:18,722 минути, а Британецот заднего задоцно само 0,007 секунди. Трет ќе стартува Макс Ферстапен, а потоа следуваат Серхио Перез, Карлос Сајнц Јуниор, Естебан Окон, Лендо Норис, Шарл Леклер, Пјер Гасли и Себастијан Фетел, кој се најде меѓу првите десет квалификанти за прв пат по 16 трки.