Вардарци поразени, но испратени како херои: Нема да ве оставиме! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар вечерва го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите, Висла едноставно покажа дека е поквалитетен тим во овој момент, но избраниците на Чупиќ и покрај тоа се бореа до последен момент.

Борбеноста на Вардар ја препознаа и навивачите кои и покрај поразот ги испратија со песна и аплаузи, додека претходно речиси цел натпревар ја даваа својата поддршка.

На трибините помеѓу вардаровите навивачите беше и поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски.

Во следниот натпревар, Вардар повторно ќе игра против Висла на 14 октомври, но на гостински терен.