Сабате: Вардар е силен тим, многу е тешко да се победи тука
Атмосферата во салата и вечерва беше на највисоко ниво и тоа го истакна тренерот Хавиер Сабате.
„Тука е многу, многу, многу тешко да се победи. Атмосферата е фантастична, тука е прекрасно да се игра. Знам како е да се игра во оваа атмосфера од минатото кога сум гостувал тука, нашиот тим покажа голем карактер и голема зрелост во сите 60 минути. Вардар е многу силен тим, тоа го покажаа на мечевите со Нант и Мелсунген и против Охрид. Мислам дека нашиот тим е виновен што Вардар не играше на своето ниво“.“, рече Сабате по мечот.
Слично размислуваше и ракометарот Премислав Краевски.
„Беше така како што очекувавме, тешко во сите 60 минути, но бевме подготвени многу добри и тоа беше клучно за победата. Може да прославиме малку, но да не заборавиме, следната среда пак играме со Вардар и ќе биде тешко“, рече Краевски.
Висла и Вардар повторно ќе се сретнат во следното коло на 14 октомври и тој дуел ќе се игра во Полска.