Ние го имаме Фитиљот, Германците - Гидсел: Нестварен број голови даде Данецот против Порто!
Најдобриот ракометар во светот одигра натпревар за паметење во ракометната елита и го наполни голот на Порто со дури 17 гола. Одбраната на португалскиот состав едноставно вечерва немаше решени за фантастичниот Данец.
Гидсел практично сам постигна речиси половина од головите на својот тим и така само го потврди својот квалитет.
Овие 17 гола на Гидсел доаѓаат само два дена по 15-те на Филип Кузмановски во ремито на Пелистер во Полска против Вибжеже Гдањск во Европската лига.
Настапот на Кузмановски го истакнаа и од ЕЛ каде што ги објавија сите негови погодоци со натпис „МВП издание“.