Сабаленка се огласи по тврдењата дека ја навредувала Свитолина (ВИДЕО)

Белоруската тенисерка се најде во центарот на контроверзија по поразот од Елина Свитолина на завршниот ВТА-турнир во Индијан Велс, откако се појави снимка на која таа изговара навредливи зборови на руски јазик.

Свитолина ја совлада Сабаленка со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-1) и обезбеди пласман во полуфиналето, но резултатот набрзо падна во втор план поради случувањата во третиот сет.

Профилот „Ukrainian Tennis BTU“, посветен на украинскиот тенис, објави видео на кое се гледа како видно изнервираната Сабаленка нешто изговара на руски јазик. Снимката предизвика бројни реакции, по што втората тенисерка во светот се огласи преку Инстаграм.

Сабаленка реши да ја објасни ситуацијата и да се извини, нагласувајќи дека нејзините зборови не биле упатени кон противничката.

„Сакам да разјаснам нешто во врска со мојот неодамнешен меч, за што почна да се зборува на интернет“, напиша Белорусинката.

Потоа откри и што ја предизвикало нејзината реакција.

„Моите зборови не беа упатени кон Елина. Ме изнервира помала група гледачи кои агресивно ги прославуваа моите грешки и во тој момент реагирав емотивно“, објасни Сабаленка.