Бивш фудбалер на Јувентус: Гвардиола го уби фудбалот!

Поранешниот фудбалер на Јувентус и Рома, Збигњев Бониек, отворено го критикуваше стилот на игра што го практикуваа екипите на Пеп Гвардиола.

Бониек кажа дека има голема почит кон шпанскиот стратег, но дека не ужива во фудбалот кој се базира на бескрајно додавање на топката.

„Имам голема почит кон Гвардиола, но тој го уби фудбалот. Неговата игра се сведува на додавање. Одат на десната страна, се враќаат на левата, а на крајот од натпреварот имаат 1.788 додавања. Тоа воопшто не ме забавува“, кажа Бониек.

Гвардиола во моментов е слободен тренер и се поврзува со кормилото на репрезентацијата на САД.

Фото: Facebook/Manchester City