Македонските кошаркарки загубија убедливо од Естонија во Штип
Естонија доминираше од самиот старт и ја доби првата четвртина со 23-9, по што следеше подобро издание на македонските кошаркарки, па на полувреме резултатот беше 30-49.
Македонија беше немоќна и во второто полувреме, додека Естонија постојано ја зголемуваше предноста до конечни 86-51.
Најефикасна во македонскиот тим беше Јована Петрушевска со 11 поени, додека Ана Грет Аси и Кадри-Ен Лас постигнаа по 18 поени.
Фото: КФМ