Химната на Израел повторно исвиркана во Приштина (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Израел и Косово во петтото коло од Лигата на Нации заврши без голови, а пред овој дуел од трибините на стадионот во Приштина можеа да се слушнат свирежи за израелската химна.

Ова не е првпат химната на Израелците да биде исвиркана во Косово. Тоа се случи и во натпреварот пред три години во ноември во квалификациите за Европското првенство.

Во тој натпревар Косово славеше победа од 1-0 со голот на Рашица.