Трагедија во македонскиот фудбал: Почина поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди!
Мемеди и по завршувањето на кариерата остана во фудбалот, а беше дел и од стручниот штаб на Шкендија која ја потврди информацијата на социјалните мрежи.
„Со длабока болка ја соопштуваме веста за смртта на Агрон Мемеди, член на стручниот штаб и поранешен фудбалер на нашиот клуб.
Денес нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство, најпрво како фудбалер, а потоа и како член на стручниот штаб.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејството Мемеди, неговите блиски и сите оние кои го познаваа и го сакаа Агрон.
Тој засекогаш ќе остане дел од нашето семејство“, објави Шкендија.
Според информациите, Мемеди ненадејно колабирал на тренингот, а подоцна за жал го загубил животот.