Ден за дерби во Скопје: Алкалоид сака да ја прекине црната серија против Вардар!
Дербито поради зафатеноста на салата „Јане Сандански“ ќе се игра во „Борис Трајковски“, а со оглед на интересот се очекува и добра посетеност на трибините.
Вардар во натпреварот влегува како лидер на таеблата и единствен тим со максимален број бодови од стартот на сезоната. Алкалоид пад е четврти со 16 бода, два помалку од Вардар. Избраниците на Кире Лазаров единствениоит пораз го претрпеа во дербито со Охрид пред три кола, додека во преостанатите осум дуели славеа победа.
Кога се последните меѓусебни дуели, Алкалоид последен пат во Суперлигата го победи Вардар пред две години во Автокоманда со 33-30. Од тој натпревар Вардар славеше шест пати и една средба заврши без победник.
Натпреварот се игра во терминот од 18:30 часот.