Ришарлисон потпишува за друг клуб од Лондон?
Според информациите на англиските медиуми, Ришарлисон би можел да биде првото засилување на Томас Франк доколку данскиот стратег седне на клупата на Кристал Палас.
Франк е главен кандидат за нов тренер на Палас, откако Пјер Саж доби отказ по разочарувачкиот почеток на сезоната. Данецот веќе соработуваше со Ришарлисон во Тотнем, иако нивната заедничка епизода во лондонскиот клуб не донесе посакувани резултати.
Бразилецот уште минатото лето сакаше да замине и се шпекулираше за негово враќање во Евертон, но и за трансфер во Бразил. Сепак, тогашниот клуб бараше обесштетување кое заинтересираните екипи не можеа да го платат.
Ришарлисон влезе во последната година од договорот, па се очекува Тотнем во јануари да го пушти за симболична сума. Дополнителна причина за неговото заминување е фактот што Роберто Де Зерби повеќе не смета на неговите услуги.
Бразилскиот напаѓач пристигна во Тотнем во летото 2022 година од Евертон за 58 милиони евра. Досега одигра 134 натпревари, на кои постигна 32 гола и забележа 15 асистенции.