Се појави снимка: Дали бесната Сабаленка срамно ја навреди Свитолина? (ВИДЕО)

Украинскиот тениски профил „Ukrainian Tennis“ на социјалните мрежа објави кратка снимка во која тврди дека Сабаленка која го загуби мечот ја навредила Свитолина.

Станува збор за видео во траење од три секунди, на кое белоруската тенисерка во третиот сет, при резултат 1-2 во гемови и 15-40, видно нервозно изговара нешто.

Според толкувањето на авторите на објавата, врз основа на движењата на усните, Сабаленка на руски јазик наводно упатила погрдни зборови кон Украинката. Се наведуваат и две можни верзии на тоа што го кажала, но важно е да се напомене дека нејзините зборови воопшто не се слушаат на снимката.

Првата верзија е дека Сабаленка изговорила: „Е***и Украинки“, додека како втора опција се наведува: Е***а украинска к***а“.

Во објавата беше упатена и забелешка дека украинските тенисерки и понатаму се прашуваат зошто одбиваат да се ракуваат со руските и белоруските тенисерки.