Се распадна бракот на Нојер по раѓањето на второто дете!

Германскиот голман Мануел Нојер и неговата сопруга Аника се разделиле по речиси три години брак, објавија германските медиуми.

Според информациите на „Билд“, 40-годишниот капитен на Баерн Минхен веќе се иселил од семејната вила.

Разделбата се случила кратко по раѓањето на нивниот втор син, а според информациите на „РТЛ“, одлуката била донесена уште на почетокот на октомври, иако засега не се открива причината.

Нојер и Аника беа заедно од 2020 година, а во ноември 2023 година се венчаа.